Познатиот италијански автор Итало Калвино е познат по неговите книги, но пишувал и есеи. Краткиот есеј „Зошто да ги читате класиците“, објавен во 1986 година, е токму она што кажува насловот. Во есејот Калвино набројува 14 причини зошто треба да ги читаме класичните литературни дела.
- ...да се чита добра книга првпат во својата зрелост е извонредно задоволство, различно од (иако не може да се каже поголемо или помало од) задоволството да се прочита во младоста.
- Го користиме зборот „класици“ за оние книги што се ценат од оние што ги читале и сакале, но тие не се ценат помалку од оние што имаат среќа да ги прочитаат првпат во најдобри услови за нивно уживање.
- Затоа треба да се има време во возрасниот живот кое ќе биде посветено за повторно читање на најважните книги од нашата младост.
- Секое препрочитување класик е еднакво патување до откритието како и првото читање.
- Секое читање класик е всушност препрочитување.
- Класик е книга што никогаш не го докажала она што има да го каже.
- Класиците се книгите што доаѓаат до нас носејќи ги на нив трагите од претходни читања и носејќи ги на себе трагите кои самите ги оставиле врз културата или културите низ кои поминале.
- Класикот не секогаш нè учи на нешто што не сме го знаеле.
- Класиците се книги кои се сè понови, посвежи и понеочекувани при читањето.
- Го користиме зборот „класик“ за книга која има форма еквивалентна на универзумот, на ниво на древните талисмани.
- Класичен писател е оној на кој не можете да бидете рамнодушен, кој ви помага да се дефинирате во однос на него, дури и во спор со него.
- Класик е книга што доаѓа пред другите класици, но секој што ги прочитал првин другите, а потоа ја чита оваа, веднаш го препознава нејзиното место во семејното стебло.
- Класикот е нешто што има тенденција да ги претвори моменталните грижи во статус на заднински шум.
- Класикот е нешто што опстојува како заднински шум дури и кога најнекомпатибилните моментални грижи ја контролираат ситуацијата.
Извор:
Open Culture