Стереотипните размислувања за мажите се дека тие треба да бидат цврсти, груби и одлучни, а сепак тука е и терминот „џентлмен“, кој некако не се совпаѓа со нив.
Не бидете песимисти, џентлмените сепак не се вид во изумирање. Ако мажите заборавиле што е потребно за да се биде џентлмен, еве едно потсетување.
Самосвест
Ова е „цврстината“ што често се поврзува со тоа да се биде маж. Самосвеста е способност да ја паузирате немилосрдната желба да се движите напред и да ја разгледате вашата сегашна улога во ситуацијата. Понекогаш минувањето преку нештата сосила нема да ви го реши проблемот.
Способност да игра
Овде се мисли на способноста за танцување. Девојките сакаат кога мажите се добри на подиумот. Танцувањето е ранливо и мажите често сметаат дека тоа им ги открива слабостите. Но да се биде џентлмен значи токму тоа, да се биде што понежен.
Скромност
Мажите што обвинуваат не се мажи. Тие се момчиња кои не ја разбрале моќта на одговорноста. Џентлменот во секој момент е подготвен да размислува и да види што може да придонесе за сегашната ситуација, па и да признае грешка. Скромноста е постојан акт на познавање на тоа што сте без потреба тоа да ви биде признаено.
Одговорност
Ако машкоста доаѓа со одговорностите, тогаш џентлмен е некој што може благодатно да се справи со одговорностите што ги носи животот. Тој може да се справи со сопствените предизвици додека сѐ уште ги става другите пред себе. Тој може да заработува за себе, а истовремено бара начини да им помогне на другите. Тој не фрла пари на проблеми и бара начини да ги учи и поттикнува и другите на успех.
Простување
Џентлменот знае како да прости. Тоа не значи дека ќе дозволи другиот да ги повторува грешките повторно и повторно, туку знае да ги напушти старите чувства и да дозволи да проструи нова позитивна енергија.