Дали некогаш сте се запрашале зошто некои луѓе имаат успех во нивниот личен и професионален жвиот? Можеби затоа што поседуваат висока емоционална интелигенција.
Според „Psychology today“ емоционалната интелигенција е способноста да се идентификува и да се управува со своите емоции и со емоциите на другите. Ова обично вклучува:
- Емоционална свест, која вклучува можност да се идентификуваат вашите сопствени емоции како и оние на другите;
- Способноста да се подигна емоциите и да се применат на задачи како што е решавање на проблеми;
- Способност да се управува со своите емоции, како што е способноста да се смирите кога сте вознемирени;
Ако сакате да знаете дали имате висока емоционална интелигенција или сакате да ја зајакнете вашата емоционална интелигенција, за да успеете во животот и кариерата, во продолжение прочитајте ги квалитетите на луѓето со висока емоционална интелигенција.
1. Не се перфекционисти
Перфекционизмот може да застане на патот до извршување на задачите и реализирање на целите бидејќи може да доведе до тежок почеток, одложување и во потрага за одговор онаму каде го нема. Ова причината зошто луѓето со висока емоционална интелигенција не се перфекционисти. Тие сфаќаат дека совршеноста не постои и одат напред. Тие прават грешки, тие се прилагодуваат и учат од грешките.
2. Знаат како да балансираат во работата и личниот живот
Работењето 24/7 и личното запоставување е непотребен стрес кој може да предизвика здравствени проблеми во животот. Поради ова, луѓето со емоционална интелигенција знаат кога е време за работа, а кога е време за одмор и игра. На пример, ако нив им е потребно да се исклучат од светот неколку часа, или пак цел викенд, тие ќе го направат тоа бидејќи потребно им е време да го намалат нивото на стрес.
3. Прифаќаат промени
Наместо да се плашат од промени, емоционално интелигентните луѓе сфаќаат дека промената е дел од животот. Стравот од промени го спречува успехот, такашто тие се адаптираат на промените околу нив и секогаш имаат план доколку се случат некои промени.
4. Никој не им го одвлекува вниманието лесно
Луѓето со висока емоционална интелигенција имаат способност да го посветат целото внимание на задачата и нив не им се одвлекува вниманието лесно.
5. Eмпатични се
Даниел Големан, психолог и автор на Focus: „The Hidden Driver of Excellence“, вели дека една од петте компоненти на емоционалната интелигенција е токму емпатијата. Всушност, способноста да се поврзите со другите, да покажете емпатија и сочувство кон нив и да им помогнете, се клучните компоненти за емоционалната интелигенција.
6. Ги знаат своите предности и слабости
Емоционално интелигентните луѓе знаат во што се добри, а во што не се добри. Тие не само што ги прифаќаат нивните предности и слабости; тие исто така знаат како да ги употребат слабостите и предностите со работење со вистинските луѓе во вистинските ситуации.
7. Само-мотивирани се
Доколку сте амбициозни и напорно работите, и згора на тоа сте мотивирани да постигнете одредена цел, тогаш дефинитивно вие поседувате емоционална интелигенција.
8. Не живеат во минатото
Луѓето со висока емоционална интелигенција немаат време да живеат во минатото, бидејќи се премногу зафатени размислувајќи и разгледувајќи ги можностите што ќе ги донесе утрешниот ден. Тие не дозволуваат грешките од минатото да ги консумираат.
9. Се фокусираат на позитивното
Емоционално интелигентните луѓе го посветуваат нивното време и енергија на решавање на проблемите. Тие гледаат на позитивните работи и она кое го контролираат. Покрај тоа, тие го поминуваат нивното време со други позитивни луѓе, а не со луѓе кои постојано се жалат.
10. Знаат да постават граници
Додека луѓето со висока интелигенција може да изгледаат како „меки“ поради нивната љубезност и сочувство, тие всушност имат моќ да поставаг раници. На пример, тие знаат како да им речат не на другите. Причината? Ги спречува да се преоптоварени, потрошени и под стрес бидејќи имаат премногу обврски. Наместо тоа, тие се свесни дека зборот „не“ ги ослободува од обврски.