X
 06.11.2017 Живот

Сите добри шефови поседуваат една заедничка карактеристика - дали ја поседувате и вие?

Постојат многу информации, повеќето од нив збунувачки, за тоа што е потребно за еден човек да биде добар шеф. Потребна е емпатија, способност да гледате многу пошироко. Исто така, треба да знаете да ги цените различните типови работници. 

Меѓутоа, постои едно едноставно нешто што сите ефективни шефови апсолутно мора да го направат - и го прават сите. За жал, повеќето од нас не се добри во тоа - повеќето од нас не знаат да кажат не.

Ако сте како повеќето луѓе, тогаш сигурно можете да се сетите на многу ситуации во кои сте сакале да кажете не, меѓутоа, сепак сте завршиле согласувајќи се. Сето тоа ви предизвикало фрустрација, прекумерно работење, финансиска загуба и главоболка. Ако водите бизнис или тим, ова може да ве чини да пропуштите шанси, бидејќи согласувањето за лоша зделка често пати ќе ве спречи да изгубите подобра зделка подоцна. Токму затоа добрите шефови велат дека нивните успешни кариери најчесто станале успешни затоа што кажале не.

Еве како да започнете:

1. Искористете тактика за одложување


Во многу случаи, на барањето не мора веднаш да кажете да или не. Така, кога некој ќе ве праша нешто, а вие не сте сигурни дека можете да кажете да, практикувајте да ја кажете оваа реченица: „Остави ме да размислам, па ќе ти кажам“.

Следното нешто што треба да го кажете е: „Ќе ти го дадам одговорот за 24 часа. Може?“ Но што ако некој инсистира веднаш да му дадете одговор? Тогаш, обично тоа е добра причина да кажете не.

Откако ќе си обезбедите повеќе време, искористете го да размислите зошто се двоумите да кажете не и дали би постоеле негативни последици ако кажете не. Исто така, размислете како би го искористиле времето или другите ресурси ако кажете не на барањето, а потоа донесете соодветна одлука.

2. Одржете го односот

Побарајте некој начин со кој иако ќе кажете не, ќе им дадете до знаење на личностите дека се грижите за нив и за нивните активности. Така, на пример, ако кажете не, тогаш обезбедете им одреден совет.

3. Вежбајте

Вежбајте да кажете не. Излезете од вашата удобна зона и почнете да велите не кога навистина нешто не можете да го направите. Не, нема да одите на кино со пријателот, не, нема да приготвите вечера за семејството.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот