X
 14.07.2022 Живот

Како се движат цените на храната во Албанија оваа сезона?

Албанија станува сè попопуларна дестинација секоја година. Туристите ги привлекуваат убавите плажи, но и цените кои се пониски во споредба со летувалиштата во регионот. Доколку се прашувате како се движат цените на храната во Албанија годинава, „Нова“ направи кратка анализа.

Ресторани

Според српскиот медиум, бурек во Албанија чини околу 0,6 евра, рибја чорба 2 евра, а порција риба се движи од 6 до 9 евра.

Лигни може да јадете за 5-6 евра, салата за 3-5 евра, а плескавица во ресторан за 3-4 евра. Порција ѕаѕики со леб чини околу 1,5 евра.

Маркети

Кога станува збор за цените во продавниците, лебот чини од 0,6 до 2 евра, а еден литар млеко од 1,2 до 1,8 евра. Маслиновото масло чини околу 5 евра литар, соковите чинат од 0,8 до 1,4 евра литар, а пакувањата со кечап и мајонез се продаваат за 1,2-1,5 евра.

Официјалната валута во Албанија е лек.

Извор: Nova
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот