X
 09.12.2023 Здравје

Постои ли здрав чипс? Еве што покажува ново истражување

Чипсот направен од цвекло, грашок, пашканат и морков често се смета за поздрав од обичниот чипс од компир, а производителите ги рекламираат овие производи како здрави. Но, дали навистина се здрави?

Дегустаторите на производи од Канцеларијата за заштита на потрошувачите на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија тестираа 12 различни чипсови направени од цвекло, пашканат, сладок компир, леќа и грашок.

Било откриено дека производителите на чипсови од овие алтернативи често ја рекламираат ниската содржина на масти во производите. Сепак, љубителите на ваквите грицки не треба да очекуваат дека внесуваат помалку калории.

Чипсот од леќа или грашок содржат просечно 450 килокалории на 100 грама, а истото количество чипс од компир содржи 540 килокалории. Просечната разлика е околу 17 отсто помалку калории, што е многу малку во споредба со очекувањата на потрошувачите кои сакаат да посегнат по поздрави грицки.

Чипсот од зеленчук има во просек 510 килокалории на 100 грама, што е многу блиску до чипсот. Покрај тоа, некои видови зеленчук содржат повеќе масти и производителите на чипс од зеленчук не штедат на сол во споредба со чипсот од компири.

Студијата не е прва што покажа дека изборот на алтернатива за чипсот не значи поздрава храна. Истражувањето укажува дека потрошувачите кои сакаат поздрава храна не треба да се водат од пораките за здрава исхрана напишани на пакувањето, туку да ги проверуваат информациите за количината на сол и маснотии, често напишани со мали букви.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје