Во индустриски парк лоциран некаде помеѓу Абу Даби и Дубаи ќе се наоѓа првата затворена фарма што ќе произведува зеленчук за комерцијална употреба користејќи вештачка светлина. Со фармата, како и други активности, Обединетите Арапски Емирати сакаат да го трансформираат производството на храна.
Околу 80% од храната што се троши во земјата се увезени. Затоа, владата сака да пронајде нови начини за производство на храна и покрај високите температури во земјата. Владината инвестициска канцеларија изјави дека ќе инвестира 100 милиони долари во четири компании, меѓу кои има компанија за производство на домати на затворено и компанија што работи на систем за наводнување со кој се овозможува наводнување во пустински услови.
Инвестициите се почеток од програма за поттикнување на агротехнолошки активности во земјата вредна 272 милиони долари. Моменталните методи за
производство што се користат бараат многу вода. Со оглед на недостигот на вода со кој се соочува земјата, потребни се иновации кои ќе бараат помалку вода. Со системот за наводнување кој е предложен во проектот би се рециклирале 95% од водата што се користи.
Фармата треба да биде готова до крајот на годината, а производството треба да почне на почетокот од 2021. Фармата ќе покрива површина од над 4.900 квадратни метри и дополнително ќе се проширува.
Истовремено, компанијата „Аерофармс“ ќе работи на истражувања за внатрешно производство. Над 60 инженери и научници ќе работат во лабораторија која ќе биде изградена покрај фармата.
Абу Даби и Дубаи истовремено тестираат и технологија која треба да го намали отпадот од рестораните, но и вештачки пештери во Персискиот Залив кои треба да им помогнат на рибите да се размножуваат.
Автор: Адел Питерс
Извор:
fastcompany.com