Дали некогаш сте размислувале дека начинот на кој спиете може да открие аспекти од вашата личност? Спиењето е основен дел од животот, а положбата во која спиете може да каже повеќе за вас отколку што мислите.
Положба на фетус
Положбата на фетус може да се опише како свиткување настрана со колена повлечени кон градите. Оние што спијат во фетална положба често се перцепирани како цврсти однадвор, но чувствителни во срцето. Оваа положба укажува на желба за удобност и заштита, одразувајќи ја личноста која на почетокот може да биде срамежлива или интровертна, но се опушта кога се чувствува безбедно. Ваквите луѓе, исто така, можат да бидат совесни и педантни, вреднувајќи ги безбедноста и рутината во секојдневниот живот.
Спиење „како трупец“
Кога лежите настрана со двете раце спуштени покрај телото, тогаш се вели дека спиете „како трупец“. Луѓето што спијат како трупец се обично друштвени, опуштени и популарни. Тие се генерално доверливи и отворени, понекогаш до степен да бидат лековерни. Овие луѓе обично се многу опуштени и лесно се движат, уживаат во друштвените собири и претпочитаат структурирана средина, каде што можат да комуницираат со другите.
Копнеж
Спиењето настрана со испружени раце пред вас прави да изгледате како да копнеете по нешто. Овие луѓе често се слободоумни, но донекаде цинични. Тие обично бавно носат одлуки. Оваа позиција сугерира сложена личност, со рамнотежа на скептицизам и желба за нови искуства и авантури.
Војник
Ако лежите на грб со спуштени раце покрај вас, обично сте тивки, резервирани и дисциплинирани. Имате високи стандарди за себе и за другите и често покажувате силно чувство на лојалност. Овие луѓе ги ценат структурата и редот и пристапуваат кон животот со методично и сериозно однесување.
Слободен пад
Во положбата слободен пад легнувате на стомак со рацете околу перницата и главата свртена на едната страна. Ваквите луѓе се дружељубиви и дрски и често покажуваат желба да бидат во центарот на вниманието. Тие можат да имаат храбар и авантуристички дух, но можат да бидат и анксиозни и чувствителни на критики. Оваа позиција укажува на личност која го живее животот со полни гради, но може да се бори со внатрешните чувства на ранливост.
Морска ѕвезда
Лежењето на грб со раширени раце и нозе е позиција на морска ѕвезда. Луѓето што спијат во положба на морска ѕвезда се генерално несебични и добри слушатели. Тие многу го ценат пријателството и секогаш се подготвени да им понудат помош на оние на кои им е потребна. И покрај нивната дарежлива природа, не сакаат да бидат во центарот на вниманието.
Набљудувач на ѕвезди
Набљудувачите на ѕвезди лежат на грб со рацете под или околу главата. Тие се типични оптимисти и безгрижни. Имаат позитивен поглед на животот и уживаат да размислуваат за големи идеи и соништа. Оваа позиција укажува на личност која е самоуверена и сака да размислува длабоко, често уживајќи во филозофски дискусии и креативни определби.
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik