Сонот ни е потребен за да преживееме, па зошто тогаш понекогаш ни е тешко да заспиеме, дури и кога сме уморни? Арик Пратерако, професор по психијатрија и бихевиористички науки на Универзитетот во Калифорнија, тврди дека руминацијата, односно загриженоста, е главен противник на сонот.
- Како експерт кој го истражува спиењето, сум работел со стотици пациенти на подобрување на нивниот сон преку когнитивно-бихевиорална терапија. Низ своето истражување открив дека најголемиот убиец на сонот не се социјалните мрежи или неудобниот душек, туку загриженоста - открил тој.
Загриженоста го одржува буден мозокот, особено во кревет и во мрачна и тивка околина. Вашето внимание постојано се враќа на проблемот или обврската што не сте ја направиле добро. Според Пратерако, не постои магично стапче кое би го решило проблемот. Работата на мозокот е да ги консолидира информациите и да изгради нови синапси со копање моменти и спомени од вашиот ден, дури и доколку тие ве вознемируваат.
Пратерако советува два метода за да се ослободите од загриженоста пред спиењето.
Грижете се порано
- Издвојте 15 минути од средина до доцна попладне само за себе. Јас тоа го нарекувам време за „емоционална грижа“ - советувал тој.
Внимавајте никој да не ви пречи во овие 15 минути, а тогаш дајте си слобода да се грижите за темите што ви се важни. Размислувајте за сите грижи, една по една. Правете го тоа два или три пати неделно додека загриженоста навечер полека не исчезне.
Вежбајте конструктивна грижа
На парче хартија направете две колони, една за проблемите, а друга за решенијата. Наведете ги моменталните проблеми и обидете се да се фокусирате на она на што би размислувале пред спиењето. Во делот за решенија напишете еден или два чекора кои би можеле да ги направите за решавање на секој проблем. Целта е да направите план за да почнете со чекорите следниот ден или набргу.
- Можеби звучи глупаво, но фактот дека веќе сте потрошиле енергија на овие проблеми може да го ослободи вашиот ум од загатките за нив навечер - додал тој.
Извор:
Hocu
Насловна фотографија: Freepik