X
 05.11.2020 Наука

Спиењето дополнителни 29 минути секоја вечер е клуч за подобрување на свесноста и благосостојбата

Спиењето дополнителни 29 минути секоја вечер може да биде клучно за подобрување на свесноста, благосостојбата и работата.

Свесноста се постигнува со свеста на индивидуата кон искуствата што се случуваат во сегашниот момент, без формирање мислење.

За разлика од претходните истражувања, новото истражување објавено во „Слип хелт“ испитувало како повеќе димензии на сонот навечер влијаат врз секојдневната свесност, наместо само да се фокусира на квалитетот и времетраењето на спиењето.

Истражувањето, предводено од Универзитетот во Јужна Флорида, откри дека подобриот сон ја подобрува свесноста наредниот ден, што, пак, ја намалува поспаноста.

Истражувањето се фокусирало на медицинските сестри, најголемата група здравствени работници чија потреба за оптимален сон и свесност се особено високи.

Проблемите со спиењето се чести кај овие работници поради долгите смени, недостигот на контрола врз ситуацијата и непосредната близина на условите опасни за живот. Нивното оптимално здравје при спиењето и вниманието се особено важни бидејќи работат во првата борбена линија за време на пандемијата.

- Човек може да биде буден, но не мора да биде внимателен. Слично на тоа, некој може да биде уморен, но може да биде внимателен. Вниманието поврзано со свесноста е над тоа да се биде буден и укажува на контрола на вниманието и саморегулација. Тоа ја олеснува чувствителноста и приспособувањето на надворешните и внатрешните сигнали кои се од суштинско значење при обезбедување внимателна грижа за пациентите и ефикасно справување со стресните ситуации - вели водечкиот автор Соми Ли, доцент по студии за стареење на Универзитетот во Јужна Флорида.

Ли и нејзините колеги од Универзитетот и од Центарот за рак „Мофит“ следеле 61 медицинска сестра во период од две недели и испитувале повеќе карактеристики на спиењето. Тие откриле дека внимателната свесност е поголема од вообичаено по ноќите со добар квалитет на сон, како и при подолго времетраење на спиењето (сон што е 29 минути подолг).

Ова придонело до помала поспаност во текот на наредниот ден. Оние со поголемо внимание на свесност имале 66 отсто помалку шанси да доживеат симптоми на несоница во текот на двонеделниот период на истражувања.

Извор: Good News Network
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука