X
 06.09.2016 Живот

Ритуали пред спиење на најуспешните луѓе

Она што човек го прави пред спиење може да има значително влијание врз неговото расположение следниот ден и врз неговата енергија. Некои навики пред легнување на успешните луѓе може да го направат сечиј ден попродуктивен.

Девојка медитира пред спиење

Мајкл Кер, автор на книгата The Humor Advantage, вели дека успешните луѓе прават различни нешта пред спиење, но никој од нив не работи пред да си легне. Проверување е-мејл - не, затоа што последно нешто што му треба на човек пред да заспие е да мисли на е-мејлот што го прочитал.

Истражувачите на темата се согласни и дека е многу мудар потег луѓето пред да си легнат тотално да се “дисконектираат“. Тоа значи: без играње игрици на мобилен и разни социјални апликации.

Мајкл Кер бележи и дека успешните луѓе пред да заспијат запишуваат три работи што се случиле тој ден, а што се во прилог на неговиот прогрес. Ако се мисли на неуспесите, само се создава поголем стрес.

Бенџамин Френкил своевремено секоја вечер си го поставувал прашањето: Што направив добро денес?

Како одличен начин за релаксација се советува и вечерна медитација, како и тнр. план на спиење (легнување и станување во одредено време).

ЦЕО-то American Express имал навика навечер да запишува по три работи што сакал да ги заврши следниот ден. Оваа рутина помага човек подобро да спие и новиот ден да го почне со нови цели.

Аријана Хафингтон пак се консултирала со низа експерти за спиење и сон и еден од омилените совети и бил избегнување на алкохол пред спиење. Точно, алкохолот може да му помогне на човек побрзо да заспие, но од  National Institute of Health откриват дека тој не помага човек да има квалитетен сон, затоа што ги држи луѓето во полесна фаза на сон, при што се спречува ресторативната фаза на спиење во која се регенерираат клетки.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот