X
 14.08.2018 Технологија

Човекот кој изгубил 35 милиони долари во измама со биткоини

Дали вашето портфолио со криптовалути е празно? Тоа не е ништо во споредба со она што му се случи на еден фински вложувач, кој загубил 5.500 биткоини (35 милиони долари) во една инвестициска измама.

На бизнисменот Арни Отава Саарима му пришла група која сакала да го поврзе со некои инвестиции: хартии од вредност во еминентни компании и криптовалута наречена драгон коин.

Наводно бандата ги убедила Саарима и негов партнер дека драгон коин ќе биде прифатено од казината како легитимно средство за плаќање. Тие двајца дури и биле однесени во казино во Макао за да бидат убедени да инвестираат.

Очигледно патувањето било доволно да остават 5.564 биткоини, што е повеќе од 35 милиони долари. Сомнежот се појавил дури кога Саарима видел дека нема ништо од ветените заработувачки. Сите биткоини веднаш биле продадени и распределени меѓу членовите на бандата.

Полицијата истражувала шест месеци пред да стапи во акција. Поради поврзаност со случајот, уапсен бил Џиратпист Џаравиџит-Бум, кој е филмска ѕвезда. Од полицијата наведуваат дека двајца негови блиски роднини исто така биле вмешани - еден ја напуштил земјата, а другиот е во контакт со властите.

Ова не е првпат некоја ѕвезда да биде фатена во нечесни зделки со криптовалути. Во јуни неколку ѕвезди од Боливуд беа поврзани со измама со биткоини вредна 300 милиони долари. Наводно тие го користат своето влијание за да ги убедат инвеститорите да даваат пари.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија