X
 06.03.2020 Забава

Хакирал авионски систем и резервирал карти вредни 18.000 евра

Еден 25-годишен маж е обвинет за компјутерска саботажа откако го хакирал системот на „Браселс ерлајнс“ за да резервира три карти до Њујорк во бизнис-класа.

Момчето наводно го хакирало системот на авионската агенција во 2016 година со помош на специјална апликација која ја користат вработените во агенцијата за да резервираат билети. Медиумите пренесуваат дека тој ги откажал летовите за да ги добие парите, но успеал со манипулација на УРЛ-кодот тие да останат валидни. Секој од билетите чинел по речиси 6.000 евра, односно сите три чинеле околу 18.000 евра.

Авионската агенција го тужела измамникот, барајќи отштета од 20.000 евра.

- Бараме да ги покриеме трошоците за три билети до Њујорк, аеродромски такси за откажаните билети и дополнителни 1.000 евра за нашите трошоци за да ги заштитиме системите - велат од „Браселс ерлајнс“.


Фото: Pixabay

Сепак, адвокатот на измамникот тврди дека дополнителните 1.000 евра не треба да бидат исплатени бидејќи лицето ѝ помогнало на авионската агенција со тоа што ѝ ја покажало слабоста на нејзиниот претходен компјутерски систем. Судот треба да пресуди на 30 март.

Ова не е првпат како патник се обидува да хакира систем на авионска агенција. Во ноември 2019 еден маж лажно се претставил како пилот во аеродром во Индија. Тој се обидел да влезе во авион преправајќи се дека е пилот на „Луфтханза“, но бил откриен откако се симнал од авионот.

Човекот носел униформа на „Луфтханза“ и имал лажна лична карта, а според локалните медиуми, тој успешно патувал од Њу Делхи до Колката над 15 пати во последните шест месеци користејќи го истиот трик. За време на летањето тој добивал бесплатен пристап до ВИП-зоните за чекање и влегувал во авионот без да чека со другите патници.

Извор: Independent.co.uk 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава