X
 31.10.2017 Технологија

Биткоините го прават светот подобро место

Несомнено најголемите критики на биткоин се дека анонимноста на „блокчејн“ технологијата ја поттикнува криминалната активност. Погледнете ја, на пример, „Силк Роуд“, сега веќе непостојна веб-страница за трговија со дрога. Во 2011 година корисниците пристапуваа на оваа темна веб-страница користејќи криптографски софтвер и собраа 1,2 милијарда долари во продажба пред да биде згасната, пред 2 години.


Изгледа дека криптовалутите се враќаат. Биткоините најверојатно нема да ја победат готовината, особено затоа што таа е избор на криминалците. За секој криминален ум кој пристапува на „блокчејн“ технологијата со злобна намера, постојат индивидуални и непрофитни компании кои смислуваат креативни идеи за користење на нејзината моќ во добри цели. Ова се неколку начини на кои криптовалутите веќе го прават светот подобро место:

1. Дигиталните донации поддржуваат ослободување од катастрофи

Доказите покажуваат дека климатските промени може да ја влошат фреквенцијата на природни катастрофи и да доведат до екстремни временски услови. Многу добротворни организации сега прифаќаат донации во дигитална валута. Тоа значи дека работите се олеснуваат за организациите и пристапот до пари, за да се употребат за добри цели. Работите се одвиваат побрзо и поефикасно. 

2. „Блокчејн“ технологијата може да помогне криминалците да се изведат пред правдата

Анонимноста на ваквите трансакции навистина им ја олеснува работата на криминалците, но исто така и готовината. Во блиска иднина, преку ова може и полесно да бидат фатени. Трансакциите можеби нема да бидат следени до лице, но во моментов се работи на засилување на законите преку кои ќе се изнајдат начини за користење на биткоините за откривање на криминалците. Истражувачите се обидуваат да креираат софтвери кои ќе направат криминалците да се следат преку биткоините и трансакциите.

3. Јавната уметност финансирана од биткоини им помага на бездомниците да си помогнат сами на себе

Низа проекти од јавната уметност се организираат во светот. На пример, се создаваат уметнички инсталации од конзерви и фрески. На нив се поставуваат „QR“ кодови, па гледачите можат да ги скенираат за да дознаат повеќе за лицето што го изработило уметничкото дело. Потоа може да направи донација, која веднаш му се префрла на лицето, на кое секако дека каква било донација му е потребна.

4. Криптовалутата ги олеснува финансиските сервиси за оние што не соработуваат со банките

Повеќе од 2 милијарди луѓе во светот се сметаат за лица што немаат никаков контакт со банки и не ги користат нивните услуги, а повеќето од нив се жени што живеат во развиени нации во Африка и Азија. Дигиталните плаќања и заеми се полесни, побрзи и поевтини за пристап, особено за индивидуалните работници и за малите бизниси, надвор од Северна Америка и Европа.

5. Криптовалутата им помага на жените да заработуваат и да ги задржат парите

Токму поради тоа што жените се помногубројни во смисла на немање поврзаност со банкарските системи, дигиталната верзија е секако добредојдена за нив. Биткоините веќе се користат за да има се помогне на ранливите популации да учествуваат во глобалната економија.

6. Биткоините можат да помогнат во борбата против хиперинфлацијата

Жителите на Зимбабве користат биткоини за да се справат со неодамнешниот недостиг од американски долари во нивната тешка економија. Американската валута беше презентирана во 2009 година како противотров на астрономската инфлација на доларот во Зимбабве од 200 милиони проценти. Сега, многу луѓе инвестираат во биткоинот како релативно отпорно средство на инфлација, како резервен план.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија