X
 14.08.2021 Живот

Интересни факти за животот во Шведска што не сте ги знаеле

Шведска е земја на Волво, Икеа, Мајнкрафт и многу други омилени работи, има бесплатно образование, одличен здравствен систем, чист воздух и недопрена природа. Поради сето ова многу луѓе избираат да живеат во Шведска.

Ова се некои неверојатни факти за оваа земја.

1. Шведска е првата земја во Европската Унија по бројот на патенти и инвестира многу во дигиталната технологија. Некои од патентите вклучуваат пронајдок на пејсмејкер, овесно млеко и дубак.

2. Швеѓаните се многу еколошки ориентирани. Дури 52 отсто од отапдот го користат за производство на енергија, а 47 отсто се рециклира. Покрај тоа, компаниите што произведуваат енергија од отпад увезуваат отпад од околните земји!

3. Хиерархијата во оваа земја не е нагласена - политиката на компаниите е сите вработени да се обраќаат меѓусебно по име, така што дури и студентите не им се обраќаат на професорите според нивното звање.

4. Во оваа земја многу се почитува приватниот простор - не обидувајте се да почнете разговор со странец додека чекате автобус.

5. Прашањата поврзани со приватниот живот, претходната работа и семејството се сметаат за крајно непристојни.

6. Наоѓањето стан во Шведска е исклучително тешко, а најтешко е во Стокхолм. Луѓето со години се на списоци на чекање, а цените на недвижностите се астрономски. Единствена утеха е што становите за изнајмување се генерално во добра состојба.

7. Швеѓаните не се љубители на готовина и минимални суми плаќаат со кредитни картички. Некои продавници не ни примаат готовина.

zname
Фото: Freepik

8. На масата секогаш има специјално ноже за путер направено од дрво и пластика. Него сите го делат на маса и важно е да се почитува „редоследот на мачкање“.

9. Чевлите треба да ги соблечете пред врата, а носењето чевли низ домот е крајно непристојно. Затоа секој обрнува внимание на изгледот на своите чорапи.

10. Стандардниот работен ден завршува во 17 часот, по што канцелариите се целосно празни. Родителите на малите деца одат порано во градинка и училиште за да ги земат и бидејќи тоа се подразбира, нема потреба да им го потенцираат на претпоставените.

11. Една од најважните деловни традиции е таканаречената фика - пауза за кафе со колегите. Непристојно е да пиете кафе сами, како и да одговарате на деловните мејлови за време на траењето на фика.

kafe
Фото: Pixabay

12. Двајцата родители на новороденчиња имаат вкупно 480 денови породилно отсуство. Секој родител треба да помине три месеци со детето, а остатокот од одмор може да го распределат меѓусебно според нивните желби. Да се ​​биде со дете се смета за нормално и пожелно.

13. Просечниот Швеѓанец има 33 дена годишен одмор.

14. Времето поминато со семејството е исклучително важно, поради што Швеѓаните се обидуваат да работат 6 часа дневно.

15. Пред да му дадете име на детето, името мора да биде одобрено од државна агенција во текот на првите три месеци од животот на детето. Имињата како „Металика“ и „Икеа“ се забранети.

Извор: B92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот