X
 24.03.2017 Живот

Племе во Амазон е доказ дека модерниот начин на живот убива

По откритието за едно изолирано племе во Амазон дека има „најздрави артерии што научниците виделе некогаш“, се потврдува мислењето дека модерниот начин на живот навистина убива.


Фото: Wikipedia


Племето Чимане од Боливија има помал процент на забележани болести на кардиоваскуларниот систем од било кое друго население на планетата. Исхраната не му содржи многу заситени масти, а изобилува (72%) со јаглехидрати (ориз, пченка, овошје, ореви) и растителни влакна, дивеч и риба. Населението е многу активно во текот на целиот ден.

Мажите од племето Чимане собираат резерви и ја обработуваат земјата, а физички се активни шест до седум часа на ден, додека жените се активни еден или два часа помалку.

Пушењето е исклучително ретко. Девет од десет припадници немаат ризик од срцеви заболувања, 13% имаат мал ризик, а само 3% имаат висок ризик. Научниците велат дека ова се должи на начинот на живот, а не на генетиката, иако се забележува зголемување на нивото на холестерол кај припадници на племето.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот