X
 14.09.2017 Наука

Дали страдате од Туретов синдром?

И покрај вообичаената заблуда дека луѓето што страдаат од Туретов синдром неконтролирано пцујат, само 10% од нив го имаат овој симптом. Повеќето од нив имаат благи тикови, како брзо трепкање, движење на рамениците или прочистување на грлото. Копролалија, несакано изговарање на непристојни и навредливи зборови, е екстремен пример на вокални тикови што некои луѓе го имаат.

Кога ќе ги совлада компулсијата, луѓето со Туретов синдром не можат да си помогнат себеси и започнуваат да извикуваат несоодветни коментари или фрази кои се културолошко табу. Копролалијата дури и предизвикува кажување зборови и навреди на расна основа, иако тие не се расисти, па честопати ситуацијата е непријатна и стресна.

Освен Туретовиот синдром, и разните мозочни повреди, мозочниот удар, деменцијата, нападите и други форми на невролошко оштетување може да предизвикаа копролалија. Се знае дека таа е предизвикана од дисфункција на мозокот, но деталите сè уште не се познати.

Една од претпоставките што ги опишува психологот Тимоти Џеј во неговата книга „Зошто пцуеме?“ укажува на тоа дека причината е оштетување на амигдалата, делот од мозокот што ги контролира лутината и агресивноста. Бидејќи пцуењето е форма на вербална агресија, оштетувањето на амигдалата може да резултира со неможност за контрола на агресијата, вклучувајќи ги и вербалната агресија и пцостите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука