Периодот на Студената војна било време на забрзано вооружување, но и напредок на науката, па дури и оние гранки што не биле поврзани со воената индустрија.
СССР на почетокот на 1970 година одобрил план за дупчење во длабочината на Земјата без одредена цел. Планот бил да се дупчи колку што е можно повеќе.
За локација бил избран полуостровот Кола, а со помош на овој експеримент руските научници сакале да добијат увид во условите што преовладуваат во огромните длабочини, каков е хемискиот состав на земјата, какви се неговите физички карактеристики и каква е температурата.
За да успеат во тоа, Русите измислиле и конструирале многубројни алатки и инструменти, не само за правење дупки, туку и за подмачкување на дупчалката и за мерење на длабочината.
Најдлабоката дупка што успеале да ја направат изнесувала 12.226 метри. До 2008 година таа останала најдлабоката дупка направена од човек со оглед на тоа што е подлабока и од Тихиот Океан.
Но Русите не биле задоволни. Нивната цел била да направат дупка од 15 километри до крајот на 1993 година, меѓутоа, ги спречиле пеколните температури. На длабочина од 12 километри, научниците очекувале температура од 100 Целзиусови степени, а таа била за 80 степени повисока.
Врз основа на овие податоци, Русите процениле дека температурата на 15 километри е 300 степени, што би значело дека нивната механизација не би работела и би се стопила како пластика. Освен температурата, ги изненадило откривањето на вода на длабочини за кои се сметале целосно суви, како и откритието на микроскопски фосили на дури 6,7 километри.
Дупчењето во различни форми продолжило до 2005 година, а истражувањата запреле во 2008 година, кога бил напуштен цел комплекс.
Иако се работи за фантастично достигнување, факт е дека 12
километри е само третина од Балтичкиот штит, со дебелина од околу 35 километри.