Пред да постојат луѓето, на Земјата живееле диносаурусите. Пред да постои Земјата, имало само голем облак од гас и прашина кој лебдел во универзумот. Пред да има универзум е нешто кое физичарите се обидуваат да го дознаат. Не е познато што се случувало пред „Биг бенг“ и раѓањето на универзумот, но најпаметните луѓе во науката имаат фасцинантни теории.
„Биг бенг“ теоријата вели дека нашиот универзум започнал како точка на бескрајна гравитација и густина наречена сингуларност. Потоа настанала експлозија, а универзумот се проширувал со неверојатна брзина, побрза и од онаа на светлината.
Но, што ја предизвикало сингуларноста? За да има објаснување, потребно е да се решат неколку проблеми. Најголемиот од нив е дека универзумот има ниска ентропија – технички термин за нарушување. Коцка мраз има ниска ентропија, на пример, бидејќи водените молекули внатре се поставени во некаков ред. Кога мразот се топи, молекулите нема спонтано да се реформираат во коцката. Се оди во насока на нарушување. Па ако е така, универзумот треба да биде униформирана дистрибуција на неорганизирани субатомски честички. Како атомите почнале да формираат молекули? Како облаците од гас и прашина формирале ѕвезди, планети и галаксии? Единственото објаснување е дека универзумот имал дури и пониска ентропија кога се создавал отколку денеска. Но како?
Ова се неколку од водечките теории за тоа што се случило пред „Биг бенг“:
- Претходен универзум пропаднал во сингуларноста која го започнала нашиот – оваа идеја е позната како „Биг баунс“, според која се смета дека нашиот универзум е бесконечен, се движи низ бескраен круг на колапс и експанзија.
- Универзумот хибернирал додека нешто не го придвижило – оваа идеја подразбира дека универзумот бил мал, рамен простор со висок притисок, кој бил стабилен додека не пронашол уште постабилна состојба. Оваа теорија не ги крши законите на ентропијата, но не ги објаснува проблемите поврзани со неа во моментов.
- Немало сингуларност. Целата енергија во универзумот била врзана во структурата на вселената – Оваа идеја подразбира дека флуктуациите во таканареченото „инфлатонско поле“, довеле до голема енергија во еден дел од полето, што предизвикало забрзано ширење. Растот оставал докази позади себе во форма на гравитациски бранови. Космолозите веруваат дека ова е најдоброто објаснување на ниската ентропија на универзумот.
- Ние сме само еден универзум во повеќе универзуми – теорија која тврди дека елементите кои доведуваат до раст и експанзија, исто така доведуваат и до создавање на помали универзуми. За жал, сите од овие универзуми се затворени еден од друг, па не би можеле да ги детектираме.
На крајот може да се заклучи дека најверојатно никогаш нема да знаеме со сигрност како започнал универзумот. Потребни се мноу истражувања за да се разбере барем дел од она што се случувало пред „
Биг бенг“, а потоа да се создаде и најсилната хипотеза.