X
 14.09.2022 Наука

Неверојатна фотографија од Сонцето

Прилично плодна година за вселенски фотографии. Новите снимки од Сончевиот телескоп на Националната научна фондација ја покажуваат огнената површина на нашето Сонце одблизу.

Сликите навистина воодушевуваат и уште еднаш покажуваат дека одблизу Сонцето воопшто не изгледа онака како што сме замислувале. Овој пат хромосферата (средниот слој на неговата атмосфера) покажува помека, речиси деликатна страна на Сонцето. Според зборовите на еден набљудувач, изгледа како рунтав тепих.

Во хромосферата линиите на запалена плазма познати како „спикули“ изгледаат како златните прамени од косата на Златокоса, или на мазен, кристализиран мед.

futurism
Фото: Futurism

Спикулите избиваат од површината на Сонцето со приближно 96 километри во секунда и се протегаат приближно 9.600 километри. Освен што „плукаат“ жежок оган, научниците веруваат дека спикулите ѝ помагаат на ѕвездата да ја одржува, балансира и да ја пренесува енергијата низ нејзините многубројни региони.

Извор: Futurism.com
Фото: Futurism
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука