Остри ласери значат подобра прецизност во сите полиња во кои се употребуваат. Научниците сега креирала нов рекорд во ласерска острина, создавајќи ласер со ширина на линијата од само 10 милихерци.
фото извор: PTB
Широчината на линијата е мерка за тоа колкав оптички спектар покрива. Истражувачите од „National Metrology Institute of Germany“, велат дека еден од начините на кои новиот ласер ќе се покаже како корисен е одржувањето на нашиот временски стандард. Колку е помала ширината на линијата на ласерот, толку попрецизно ќе биде мерењето на атомската фреквенција во оптички часовник. Овој нов ласер ќе ни овозможи да го подобриме квалитетот на нашите часовници.
Ласерот е креиран со помош на „Fabry-Pérot“ силиконскиот резонатор, уред кој се користи за да се контролира светлината низ две фиксирани огледала поставени едено наспроти друго и фиксирани во внатрешноста на дупли конус. Должината на јазот помеѓу огледалата, ја контролира ширината на линијата од ласерот, па предизвикот за научниците бил огледалата да се одржуваат колку што е можно постабилни. Последната задача била да се минимизира термалното движење на атомите во резонаторот. За таа цел, резонаторот бил направен од единствен кристален силикон и изладен на температура од -150 степени Целзиусови. Тогаш бил креиран најостриот ласер.
Се очекува ласерот да помогне во подобрување на радио комуникацијата, а се планира да се успее ширината на линијата на ласерот да се намали и под 1 милихерц. За сега ласерот ќе се користи за подобрување на квалитетот на оптичките атомски часовници и за мерење на ултра студени атоми со голема прецизност. Во иднина,
ласерите би можеле да се користат за мерење на електромагнетна радијација со поголема прецизност, па дури и да се тестира теоријата на релативитет.