X
 14.10.2020 Технологија

80-метарски дрон обезбеди интернет од 19 километри височина

Јапонски компании успешно тестирале технологија за обезбедување интернет преку дронови. Компаниите подигнале големи дронови на височина од 19 километри и во период од 20 часа обезбедувале интернет преку дроновите над Ново Мексико. Проектот е наречен „ХАПС мобајл“.


Фото: HAPS Mobile

Била користена технологија за обезбедување интернет од „Лун“, компанијата на „Гугл“ за обезбедување интернет на изолирани места. Дронот со кој се обезбедил интернет е широк 80 метри и издржал силни ветрови. Беспилотното летало работи на сончева енергија, има 10 електрични мотори и може да лета со месеци на височина поголема од онаа на која летаат авионите и се наоѓаат повеќето облаци.

Проектот е резултат на соработката помеѓу јапонската инвестициска фирма „Софт бенк“ и компанијата за производство на беспилотни летала „Аеровиронмент“.


Автор: Стивен Шакланд
Извор: cnet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија