Опремен со маска, ракавици и спреј за дезинфекција, 33-годишниот Дритон Камери продолжува да го води својот бизнис и покрај коронавирусот. Овој бербер од Приштина почнал да им ги нуди услугите на муштериите во нивните дворови.
- Може да ги затворите берберите, но не можете да ѝ наредите на косата да не расте. Таа треба редовно да се крати - изјавил Камери за АФП.
Како и многу други бизниси во Приштина, салонот на Камери морал да се затвори за да се спречи ширењето на
коронавирусот. Сепак, Камери одлучил да ги спречи муштериите во обидот сами да си ја кратат косата и го прави тоа за нив во нивните дворови.
Потстрижувањето чини 5 евра, но пензионерите и оние што имаат финансиски проблеми може да добијат бесплатна услуга.
Извор:
france24.com
Фото: Instagram