Говорот на омраза на социјалните мрежи и на интернет воопшто е голем проблем во сите држави, па и во Македонија. Меѓутоа, Норвешка дошла до идеја како да ги спречи „хејтерите“.
Фото: The Local Norway
Најголемиот медиум во државата, телевизиската и радиокуќа НКР, чиј сопственик е норвешката влада, на својот портал воведе задолжителен квиз под објавите на секој што сака да остави коментар. Пред да го напишат своето мислење за што било, читателите мора да одговорат на три прашања со повеќе понудени одговори за да докажат дека разбрале за што се работи во статијата на која сакаат да коментираат, пишува „Индепендент“.
За решавање на квизот се доволни 15 секунди, а раководството на медиумската куќа НКР верува дека луѓето за тоа време ќе се смират и ќе пишуваат со помалку лутина и навредливи коментари.
„Тие 15 секунди се можеби доволни за човекот да се извлече од наплив на бес“, вели уредниот на НКР, Мариус Арнесен.
На креаторите на програмата НКР-бета целта им е луѓето да знаат за што зборуваат пред да почнат да пишуваат. Во борба против непримерните коментари, многу медиуми целосно ја имаат укинато опцијата да се коментираат статиите. „Гугл“ минатата седмица објави дека е создадена програма на вештачка интелигенција која чита
коментари и знае да ги идентификува оние што се „токсични“.