X
 08.07.2015 Технологија

Интернетот создава илузија дека сме попаметни отколку што сме

Интернетот му донесе многу добри нешта на светот. Но, сето ова бесплатно и лесно достапно знаење може да нè направи поглупави додека мислиме дека знаеме сè повеќе

Истражувачи од универзитетот „Јејл“ спровеле истражување брз испитаници во врска со користењето на интернетот. Целта била да се открие дали пристапот до интернет ни помага или ни ја намалува меморијата.

Проблемот се крие во тоа што секогаш кога бараме информација на интернет, истата ја добиваме инстантно, а мозокот по грешка ја гледа таа информација како зачувана во меморијата, иако не е.

Мајкл Фишер, автор на истражувањето, наведува пример за негативните последици на ваквата употреба на интернет.

- Во некои професии, кадешто не само што е пожелно, туку и неопходно луѓето да имаат што повеќе знаење, како хирургијата, на пример, ова може да се покаже како голем проблем. Доколку веќе сме почнале претежно да живееме само со помошта на интернетот, мора да се потрудиме никогаш да не останеме без него. - вели тој.

Со други зборови, ниту еден хирург не би сакал да сфати дека не може да заврши операција без да провери нешто на „Google“. Примерот е претеран, но истото е еднакво важно и за останатите професии.

Во истражувањето на Фишер, една група испитаници користела интернет за да одговара прашања, а другата морала да одговара без помош.

Се открило дека оние учесници кои се служеле со интернет за да го дознаат одговорот ја прецениле можноста дека ќе дадат точен одговор. Имено, учесниците, дури и кога не успевале да пронајдат одговор на интернет се сметале за попаметни од останатите учесници.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија