Гете-институт Скопје во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, ве предизвикува на 40-часовен онлајн еко-хакатон за програмирање на веб портал за одржливост. Доколку имате свежи и одржливи идеи, знаење и искуство и сте подготвени да го прифатите овој предизвик, ве очекуваме на 30, 31 октомври и 1 ноември 2020 да учествувате и да го развиете својот сопствен концепт.
Постојано се говори за големи проекти и стратегии за заштита на животната средина, за изнаоѓање поодржливи извори на енергија, одржлив развој, одржливо општество, одржливо живеење. Ајде да започнеме со ситни акции во секојдневието! Што би можел секој од нас да направи во секојдневниот живот за да води поодржлив живот и да не и наштетува на животната средина.Токму такви примери би сакале да понудиме во веб порталот, кој ќе го создадете и развиете заедно со твојот тим.
Хакатонот ќе се изведува целосно онлајн преку платформата за колаборација MS Teams и согласно агендата на настанот со цел лесно да им се овозможи на учесниците да консултираат ментори за потребите на концептот кој се изработува.
За тимот или поединецот кој ќе ја испорача најдобрата идеја и реализација на платформата, Гете-институт Скопје ќе обезбеди награда и средства за нејзино целосно реализирање. Изработките ќе ги оценува стручно жири.
Местата се ограничени, затоа побрзајте и пријавете се до 28.10.2020 на следниов линк:
https://forms.gle/7ZAsQXoiQ5fxVNmdA