X
 31.03.2023 Живот

ФИНКИ го прослави 12. роденден - 46 отсто од дипломираните се девојки

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) вчера ја промовира новата генерација дипломирани инженери по информатички науки и компјутерско инженерство и нова генерација магистри. Рекордни 320 дипломирани инженери и 24 магистри ги добија своите дипломи за завршен прв и втор циклус студии.

Деканот на ФИНКИ, проф. д-р Боро Јакимовски, посочи дека успехот и растот на ФИНКИ не се случајни. Тие се резултат на заедничките напори на студентите кои се стремат кон знаење и усовршување и на професорите кои ги инспирираат и ги поддржуваат.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професор д-р Никола Јанкуловски, го изрази своето огромно задоволство за промоцијата на инженерите и магистрите.

На свеченоста беа доделени плакети и награди за најдобрите студенти на ФИНКИ, кои беа поддржани и поздравени од претставник на компанијата IWConnect, извршниот директор Миле Грујовски.

Статистиката на ФИНКИ вели дека просечно времетраење на студии на оваа генерација е шест години. Една петтина од дипломците завршиле за ефикасни 4 години и една половина за 5 години. Растот на бројот на дипломирани студенти во однос на минатата година е над 20%. Уште поважно, 46% од нив се девојки, со што ФИНКИ е со рамномерна полова застапеност.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот