Серијата „Сета светлина што не можеме да ја видиме“ (англ. All the Light We Cannot See) веќе трета недела по ред е една од најгледаните на „Нетфликс“, а судејќи по коментарите на социјалните мрежи, гледачите се воодушевени.
Серијата има оцена од 7,6 на ИМДб и рејтинг од 71 отсто на „Ротен томејтос“.
Приказната е за слепа тинејџерка од Франција и германски војник, чии патишта се спојуваат во окупираната Франција за време на Втората светска војна.
Серијата е снимена според истоимениот роман на Ентони Дор, кој е добитник на Пулицерова награда. Главните улоги ги толкуваат Марк Рафало и Хју Лори.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)