Кога излезе првата сезона на дистописката трилер-серија „Игра со лигни“ во 2021 година, во која натпреварувачите се натпреваруваа во „игри за преживување“ за да добијат шанса да освојат огромна сума на пари што ќе им го промени животот, нетфликс-корисниците полудеа по неа.
„Игра со лигни“ доби и пофалби од критичарите и светско внимание. На веб-страницата „Ротен томејтос“ постигна 95 отсто и се искачи на врвот на листата со најгледани серии на „Нетфликс“.
Токму затоа, кога беше пуштена втората сезона, социјалните мрежи беа преплавени со теории од обожавателите кои ја изгледаа серијата за само неколку дена.
Но, и покрај воведувањето нови тензични игри со убиства и изобилство на крвави сцени, некои обожаватели изјавија дека серијата е досадна.
Втората сезона го следи главниот лик Сеонг Ги-хун, три години по победата на натпреварот. Тој се враќа во „арената“ за да се соочи со нови учесници, наводно во мисија која им става крај на игрите. Серијата изобилува со многу пресврти кога главниот човек, лидерот на „Маскираните луѓе“ и постариот брат на полицискиот детектив Хванг Џун-хо, се приклучува на игрите како Играч 001.
Ова очигледно не е случајно бидејќи О Ил-нам, постариот финансиски тајкун и креатор на игрите, се маскира меѓу играчите со истиот број во првата сезона.
Сега, обожавателите шпекулираат дека старецот и лидерот се татко и син и имаат убедливи докази што ја поддржуваат идејата.
Но, постои теорија и дека Играчот 456 (главниот лик во серијата) е всушност мозокот зад целата операција, односно игрите. Така, многумина забележуваат дека ако оваа теорија е вистинита, тогаш серијата ги изигра обожавателите.
За среќа, не треба да чекаме многу за да откриеме, со оглед на тоа што третата сезона треба да излезе во текот на 2025 година.
Извор:
Unilad.com
Фото: Unilad/Screenshot