X
 14.10.2022 Култура

Нов хорор е толку страшен што луѓето се онесвестуваат додека го гледаат

Обожаватели на хорори, подгответе се, има нов хорор кој претставува предизвик за гледање. Станува збор за „Застрашувач 2“ (Terrifier 2), кој е голем хит во САД. Филмот наскоро ќе пристигне и во другите држави.

Тој се фокусира на кловн кој брка брат и сестра на Ноќта на вештерките. Филмот е толку страшен, што предизвикува гледачите физички да се чувствуваат лошо додека го гледаат.


Креаторите на филмот ги предупредуваат сите на социјалните мрежи, особено оние што се чувствителни, дека во филмот има сцени на насилство и брутален хорор.



Филмот бил добро прифатен од критичарите, но многумина зборуваат за неговите вознемирувачки сцени. Во некои случаи требало да се повика брза помош бидејќи гледачите не се чувствувале добро додека го гледале, па дури и се онесвестиле.



Извор: Indy100
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура