X
 14.10.2022 Живот

Официјално е: „Нетфликс“ ќе воведе реклами следниот месец

Наскоро „Нетфликс“ ќе нуди опција за користење на платформата по пониска цена која ќе вклучува и реклами.

Од компанијата известија дека почнувајќи од ноември, корисниците ќе може да користат „Нетфликс“ за 6,99 долари месечно. Оваа опција ќе вклучува реклами.

Опцијата ќе биде достапна на 3 ноември за корисниците од САД, Австралија, Бразил, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Мексико, Шпанија и Обединетото Кралство. Во меѓувреме, и понатаму ќе се нудат досегашните опции од 9,99 долари, 15,49 долари и 19,99 долари.

Одреден период се очекува воведувањето на опцијата со реклами на „Нетфликс“.

Во 2022 година „Нетфликс“ изгуби еден милион претплатници.

Извор: Mashable
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот