За време на пандемијата на коронавирусот „Ербиенби“ ќе реализира програма со цел да ги намали шансите за ширење на коронавирусот преку користење на платформата.
Според програмата, корисниците на
платформата што изнајмуваат простор ќе мора да ги следат процедурите од компанијата за чистење на секоја соба и да добијат сертификат за тоа. Програмата ќе почне да се реализира во мај.
Фото: Pixabay
Во рамките на програмата, на изнајмувачите ќе им се дадат информации за спречување на ширењето на Ковид-19, како користење заштитна опрема и средства за дезинфекција кои се одобрени од властите.
Корисниците на „Ербиенби“ што изнајмуваат простор ќе може и да блокираат резервации помеѓу две престојувања на одреден период, кој компанијата автоматски би го поставила на 72 часа. За време на овој период просторот би бил празен.
Корисниците не мора да ги применат предлозите, но на тој начин би можеле да добиваат помалку резервации бидејќи гостите ќе може да видат кои корисници се дел од програмата.
Извор:
theweek.com