X
 14.10.2023 Живот

Уникатно место на кое може да пешачите по океанското дно

Нова Шкотска, Канада, е полна со прекрасни и скриени природни убавини, а една од најинтересните дефинитивно е оваа. Станува збор за место на брегот на океанот каде што приливот и одливот се особено изразени.

Бидејќи брегот е изложен на морски струи и екстремни промени во приливот и одливот, со текот на времето се појавила ерозија и се формирал интересен подводен пејзаж. Приливот се искачува во просек меѓу 14 и 15,5 метри, а се зголемува просечно за еден сантиметар во минута.



Меѓутоа, кога морето се повлекува буквално можете да одите по дното на океанот. При слаб прилив се гледа површината од морското дно исполнето со црвеникава почва по која можете да одите додека не се врати приливот.



Периодот помеѓу приливот и одливот трае до шест часа, но додека чекате одлив, нема да ви биде здодевно бидејќи има многу што да направите. Можете да одите на планинарење, обиколка на светилникот или дури и да се забавувате со рафтинг.



Извор: Green
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот