X
 05.10.2022 Наука

Научници открија доказ за голем „океан“ во внатрешноста на Земјата

Група истражувачи велат дека откриле доказ за „океан“ длабоко во Земјата. Меѓународни истражувачи заклучиле дека границата помеѓу горниот и долниот плашт на Земјата има повеќе заробена вода и јаглерод диоксид отколку што се мислело претходно.

Заклучокот е донесен по анализа на екстремно редок дијамант за кој се смета дека се формирал на 670 километри под Боцвана. Истражувањето може да го подобри разбирањето на водениот циклус на Земјата и еволуцијата на Земјата.

- Во ова истражување покажавме дека транзициската зона не е сув сунѓер, туку содржи значителни количини вода - изјавил Френк Бренкер, истражувач од Институтот за геонауки на Универзитетот „Гете“ во Франкфурт.

Според истражувачите, овој ден може да има шест пати повеќе вода отколку сите океани на Земјата заедно.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука