X
 14.12.2017 Живот

„Големината на една нација може да се процени според начинот на кој ги третира животните“

„Среќа е топло кученце“ - Чарлс М.Шулц.

„Ако земеш изгладнето куче и му помогнеш, нема да те касне. Тоа е основната разлика помеѓу кучето и човекот“ - Марк Твејн.

„Животните се моите пријатели... а јас не ги јадам моите пријатели“ - Џорџ Бернард Шо.

„Големината на една нација и нејзиниот морален напредок може да се проценат според начинот на кој ги третира животните“ - Махатма Ганди.

„Човекот е најсурово животно“ - Фридрих Ниче.

„Луѓето понекогаш зборуваат за ѕверската суровост на човекот, но тоа е ужасно неправедно и навредливо кон животите бидејќи ниту едно животно не би можело да биде толку сурово колку човекот, толку уметнички злобно“, Фјодор М. Достоевски.

„Кучето е единственото нешто на Земјата што те сака повеќе отколку што се сака себеси“ - Џош Билингс.

„Може да се процени вистинскиот карактер на еден човек по начинот на кој се однесува со неговите животни“ - Пол Макартни.

„Целиот негов живот се обидуваше да биде добра личност. Сепак, многу пати не успеа. После сè, тој беше само човек. Не беше куче“ - Чарлс М.Шулц.

„Сè додека еден човек не покажал љубов кон животно, еден дел од неговата душа останува неразбуден“ - Анатол Франс.

„Животните не мразат - а од нас се очекува да бидеме подобри од нив“ - Елвис Присли.

„Ако да се има душа значи да се биде способен за љубов и верност и благодарност, тогаш животните се многу подобри од многу луѓе“ - Џејмс Хериот.

„Ако кучето не дојде кај тебе откако ќе те погледне право в очи, тогаш треба да одиш дома и да ја преиспиташ твојата совест“ - Вудроу Вилсон.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот