X
 14.12.2022 Живот

Колку чини една новогодишна ноќ во европските градови?

Крајот на декември е период кога сакаме да направиме мала пауза, да донесеме некои нови одлуки, но и да си дозволиме да избегаме од секојдневието.

Во случај да сакате празници, огномет, новогодишна забава, дружење, тогаш веројатно добро ви звучи идејата да посетите некоја нова дестинација.

Многу метрополи низ светот блескаат во полн сјај во овој период и спремно ги пречекуваат туристите. За кои дестинации најчесто се одлучуваат туристите кога се во прашање новогодишните патувања и колку пари треба да потрошите за да тргнете во незаборавна новогодишна авантура?

Виена

Цената на аранжманите за оваа дестинација варира во зависност од тоа дали планирате да ја посетите со авион или со автобус.

Сместување во хотел, со полупансион и патување кое вклучува автобуски превоз започнува од 180 евра за две ноќевања, па нагоре, додека патувањето со авион ќе биде поскапо. Значи, за овој аранжман треба да издвоите 340 евра по лице.

виена
Фото: Freepik

Будимпешта

Една од најубавите и најомилени дестинации кога се во прашање новогодишнтие празници. За патување за време на новогодишните празници потребно е да потрошите 200 евра за 3 ноќевања во хотел со три ѕвезди со појадок. Другите трошоци зависат од тоа со што планирате да патувате, со автобус или со авион.

Истанбул

До Истанбул може да патувате и со автобус, но поголемиот дел од туристите одлучуваат да патуваат со авион. Доколку се одлучите да патувате со автобус, цените за аранжман со престој се движат од 120 евра, па нагоре. Доколку одлучите да патувате со авион, можете да најдете аранжман од 300 евра.

Атина

Уште една одлична дестинација која нуди одлична забава за новогодишните празници. За пакет-аранжман до главниот град на Грција треба да издвоите 150 евра за три ноќевања.

Прага

Градот на златните покриви, одличното вино, богатата историја и феноменалниот ноќен живот. За незаборавна ноќ во овој град треба да потрошите од 200 евра нагоре. Аранжманот вклучува автобуски превоз, 3 ноќевања со појадок и разгледување на градот.

Цените во текстот варираат во зависност од тоа каков тип сместување ќе изберете и што вклучува аранжманот што сте го избрале.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот