X
 20.04.2021 Живот

Твитер-корисниците откриваат како се движат цените на маските за лице низ светот

Порано се знаеше дека не се излегува од дома без телефон, клучеви и паричник. Но, во последната година на прво место ни е заштитната маска, која секогаш треба да ја имаме со нас.

На „Твитер“ неодамна се отвори тема за тоа колку чинат маските во различни земји и каде се најевтини, а каде најскапи. Оваа дискусија беше иницирана од твитер-корисник кој ги спореди цените на една маска во Србија и во Белгија.

- 50 парчиња заштитни маски во Србија чинат околу 1,70 евро, додека јас за 50 парчиња во Белгија плаќам 28 евра. Маските се со ист квалитет - напиша овој твитер-корисник и предизвика лавина коментари.

Според податоците со кои располагаат твитер-корисниците, кои лесно се проверуваат преку онлајн-продавниците, цените значително се разликуваат, дури и ако се земе предвид куповната моќ во секоја од земјите.

На пример, во Турција 240 парчиња заштитни маски чинат 9 евра. 50 парчиња заштитни маски во Велика Британија и во Америка чинат до 15 евра.

Во Хрватска 50 парчиња маски се продаваат за 3,30 евра. Во Црна Гора 10 маски се купуваат за 1 евро.

Во Шпанија со закон е забрането да се продаваат маски по цена поголема од 0,62 евра. Во Босна, една маска чини помалку од 80 центи. Во Македонија кутија со 50 заштитни маски чини 500 денари.

Во март и април минатата година луѓето едвај успеваа да најдат маски во аптеките затоа што се купуваа толку многу, што често имаше недостиг.

Денес цените се многу пониски, па една маска може да се најде за 10 денари, иако маските КН95 се значително поскапи.

Извор: Noizz.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот