X
 18.05.2023 Живот

Дали би платиле 920 евра за едно кафе?

Сите сакаме кафе со одличен вкус. На многумина тоа им е омилен ритуал во денот, а некои се подготвени да платат и 920 евра за да се напијат добро кафе.

Кафулето „Бру лаб кафе“ во Пенрит, Австралија, продава некои од најдобрите кафиња, а меѓу нив е и едно посебно кафе направено од зрна одгледани на 1.700 метри надморска височина, покрај вулкан во Панама.

Сепак, клиентите мора внимателно да го испланираат уживањето во кафето бидејќи кафулето го нарачува само откако клиентот ќе го побара, за да биде свежо. Тоа значи дека ќе бидат потребни околу две недели за да пристигне кафето.


Зрната кафе се испраќаат со приватен авион

- Стапуваме во контакт со луѓе од Панама, па тие го печат кафето само за таа пригода и потоа го испраќаат со приватен авион - објаснува сопственикот на „Бру лаб“, Мич Џонсон.

Патувањето на специјалното кафе несомнено ја зголемува неговата вредност. Откако ќе пристигнат зрната, тие се подложени на прецизен процес на подготовка во лабораторија, кој вклучува претходно навлажнет филтер и вода зовриена на точно 94 Целзиусови степени. Кафето поминува низ неколку процеси, секој совршено темпиран за да обезбеди совршен вкус.

Дали вреди толку?


- Повеќето луѓе, откако ќе се напијат од кафето, велат дека првиот впечаток им е дека повеќе личи на чај отколку на кафе - објаснува сопственикот, додавајќи дека вкусот е толку добар што предизвикува солзи радосници.

Извор: Index.hr
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот