Во писмо до акционерите на „Нетфликс“ се открива дека цените за услугите на платформата ќе се зголемат во 2024 година.
- Додека инвестираме во „Нетфликс“ и го подобруваме, повремено ќе бараме од нашите членови да платат малку повеќе за да се реализираат тие подобрувања - стои во писмото до инвеститорите.
„Нетфликс“ има над 260 милиони претплатници во светот, од кои 13,1 милиони биле додадени во четвртиот квартал на 2023 година - најголем пораст во овој квартал во историјата на компанијата.
Основната претплата за Македонија во моментов е 4,99 евра месечно, стандардниот пакет чини 7,99 евра, а премиум-пакетот чини 9,99 евра.
Извор:
Blic
Насловна фотографија: Unsplash