X
 02.01.2015 Наука

Дали научниците ќе успеат да произведат темна материја?

Откритието на овие честички, за кои се смета дека на материјата и` даваат маса, беше еден од најголемите хадронски судрувачи во ЦЕРН.

 

1


Меѓутоа еден научник смета дека во наредните години LHC ќе има уште многу можности да ја промени историјата.

Др. Моника Данфорд од Калифорнија, која моментално работи во универзитетот во Хајделберг во Германија, работеше во Церн до 2013 година. Таа е еден од шесте научници кои се појавија во популарниот документарец „Particle Fever“ за првите експерименти во Церн во текот на 2008.

„Пронаоѓањето на Хиксовиот бозон беше една од главните цели на LHC, но неговото време допрва доаѓа. Една од работите за кои има најголема заинтересираност е пронаоѓањето и настанувањето на темната материја“, вели Др Данфорд.

Според космолошките мерења знаеме дека 25%  од вселената се состои од темна материја, а ние не знаеме што претставува таа.  За споредба од она што го знаеме-електроните и протоните- претставуваат само 4%.

Огромен дел од светот кој нас не` опкружува е составен од материја за која не знаеме што е.

Таа смета дека откривањето и произведувањето на темната материја во LHC би можело да биде поголемо откритие од Хигсоновиот бозон.

За Хигс имавме добри и конкретни теоретски предвидувања. За темната материја не знаеме ништо. Нема честика која денес не ни е позната,
а која би можела да ни ја објасни темната материја, а да не зборуваме за темната енергија.

„Доколку би успеале да произведиме честички на темна материја во LHC, тоа би бил огромен чекор на нашето сфаќање на вселената“, вели Данфорд.

Меѓутоа шансите за пронаоѓање на темната материја се непознати. Многу теории го предвидуваат нејзиното постоење, особено стандардниот модел на физиката, но нејзино пронаоѓање би барало многу поголеми машини од Големиот хадронски судирач.

Оваа година два протонски зраци со дупло поголема енергија ќе се судрат и ќе ослободат енергија која никогаш досега не е постигната со ниту еден друг акцелератор. Др Данфорд вели дека во новите експерименти има многу потенцијал за пронаоѓање нови честички, а можеби и темна материја.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука