X
 17.01.2018 Наука

Што треба да знаете за серијата „Космос“ на Карл Сејган?

1
Фото: NASA

Познатиот автор и астроном д-р Карл Сејган во 1980 година водеше „PBS“ мини-серии наречени „Космос“ - серијата и ден-денес е многу позната меѓу научниците, медиумите и публиката. Сејган ги воодушевуваше гледачите со разоткривањето на некои од најголемите мистерии на Сончевиот Систем, како функционираат ѕвездите, потрагата по интелигентниот живот надвор од нашата планета и други експанзивни теми.

И денес Сејган има култен статус во целиот свет и е инспирација за луѓе како Нил де Грас Тајсон, Сет Мекфарлејн и британските физичари Брајан Кокс и Меги Адерин-Покок. Медиумските критичари, особено оние насочени кон науката, велат дека монолозите на Сејган се еден вид поезија. Всушност, веб-страницата „Твич“ ви овозможува да ја погледнете целата мини-серија бесплатно.

Во меѓувреме, ова треба да го знаете за „Космос“.

2
Фото: NASA

1. Неколку епизоди покажуваат позната слика на Земјата со Африка на горната лева страна. Тоа е фотографијата наречена „Син мермер“ што астронаутите од „Аполо 7“ ја направиле во 1972 година. Тие ја сликале додека патувале кон Месечината.

2. Иако главно бил познат по „Космос“, д-р Сејган имал големо искуство и надвор од телевизијата. Работел во неколку мисии на НАСА, вклучувајќи ги и Викиншките мисии што го истражувале Марс. Тој бил и силен поддржувач на институтот СЕТИ, глобална иницијатива за потрага по интелигентен живот на друго место во универзумот.

2
Фото: NASA/JPL

3. Во епизодата „Космички календар“, целата егзистенција на светот е опишана со користење календарски датуми. Големата експлозија се појавува на 1 јануари, животот на Земјата пристигнува на 25 септември, дрвјата и влекачите доаѓаат на местото на настанот на 23 декември, и конечно, во последните неколку минути се појавуваат луѓето.

3
Фото: YouTube

4. Серијата е позната по голем број мудри цитати - „Таму горе, во бескрајноста на космосот, нè очекува неизбежна перцепција. Националните граници не се видливи кога ја гледаме Земјата од вселената. Фанатичките етнички, религиозни и национални шовинизми се тешки за одржување кога ја гледаме нашата планета како слаба сина полумесечина што исчезнува и станува незабележителна точка на светлина наспроти бастионот и тврдината на ѕвездите“.

5. Сејган го надгледувал создавањето на познатите златни плочи што биле дел од мисиите на „Војаџер I“ и „Војаџер II“. Тие моментално се наоѓаат во вселената и содржат пораки за добредојде на многу јазици, различни музички композиции, па дури и песна од китови. Биле создадени во случај еден од „Војаџерите“ да се судри со интелигентен живот.

4
Фото: NASA/Calltech

6. Снимањето на серијата траело една година и ги содржи некои од најимпресивните специјални ефекти што тогаш би можела да ги има една документарна серија. Тимот патувал на многу различни локации во земји како Египет, Мексико, Индија, Камбоџа, Италија и Франција.

7. Уште еден неверојатен цитат од Сејган - „Постојат околу сто милијарди галаксии, секоја со просечна вредност од сто милијарди ѕвезди, 1011 х 1011 = 1022, десет милијарди билиони. Во лицето на ваквите надмоќни броеви, која е веројатноста само една обична ѕвезда, Сонцето, да е придружувана од населена планета? Зошто ние, сместени во заборавен агол на вселената, ја имаме таа среќа? За мене, се чини дека е поголема веројатноста универзумот да е преполн со живот. Но луѓето сè уште не знаат. Ние само што сме ги започнале нашите истражувања“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука