Сместена во прекрасен театар од 20-от век, книжарницата „Еl Ateneo Grand Splendid“ која се наоѓа во Буенос Аирес, Аргентина е една од најголемите во Јужна Америка. Благодарение на визијата на архитектите Перо и Торес Арменгол таа е една од најубавите книжарници во светот.
Зградата првично била театар кој го носел истото име во 20-те во кој се одржувале различни популарни шоуа, вклучувајќи и изведби од познатите танго пејачи карлос Гардел и Игнасио Корсини. Подоцна, театарот бил претворен во кино кој ги прикажувал првите звучни филмови во Аргентина. После последниот филм во 1991 година, лошата економска состојба го принудила театарот да биде затворен.
Неколку години подоцна, било закажано уривање на зградата, меѓутоа сопственикот на издавачката куќа „lhsa Group“, ја купил зградата во 2000 година, ја реновирал и ја претворил во продавница за книги и музика. Местото за брзо време стана познато и денес претставува една од најубавите и најпознатите книжарници во светот.
„Еl Ateneo Grand Splendid“ е само една од синџирот на книжарници кои се наоѓаат на 40 различни локации низ Аргентина.
Линк до галеријата.