„Сјаење“ („The Shining“) е најдобриот хорор-филм на сите времиња според анкетата на филмољупците на веб-страницата „Ранкер“, каде што повеќе од 35.000 луѓе оставиле над милион гласови, а можете да гласате и вие.
Адаптацијата на истоимениот роман на Стивен Кинг од 1977 година се најде на првото место на листата со најдобри хорор-филмови. Филмот стекна култен статус и поради маестралниот Стенли Кјубрик и поради извонредната изведба на Џек Николсон и Шели Дувал.
Во продолжение можете да ги погледнете првите 20 филма, а доколку сакате,
ТУКА можете да ја погледнете целосната листа на која се наоѓаат дури 760 наслови.
Инаку, неодамна во кината почна да се прикажува филмот „Доктор Сон“, адаптација на истоименото продолжение на „Сјаење“ од 2013 година. Филмот предизвика поделени критики. Некои го фалат, додека некои сметаат дека воопшто не е добар. Филмот го следи возрасниот Дени Торанс, момчето од сцената со велосипедот од „Сјаење“, позната на секој љубител на овој филм.