"Кј и да си - за Бдник мора у Тетоо да си!" - Тетово има најспецифичен адет на славење на Раѓањето на Христос. Еве како е споредбено со другите градови.
Ден пред Божиќ е Бадник(тетовски: Бдњик, на 06 Јануари), а ден пред Бадник е Коледе(на 05 Јануари и утрото на 06 Јануари).
Во попладневните часови се одржува литургија во црква каде се осветуваат дабови гранки, а во вечерните часови на Бадник се
спрема богата посна трпеза за најтесното семејство. Паричка не се става во пита на овој ден бидејќи тоа во Тетово се прави
за Василица
Во попладневните часови, и ноќта, маскирани деца одат по куќи и пеат песна:
Кој што спије, нека стане,
нека меси колачиња, ако нема колачиња
нека даде коштанчиња, ако нема коштањчиња
нека даде паричињаааа ...
Б’ДЊА БАБААА!
Оваа традиција трае со векови наназад и е многу стара, влечејќи дури и пагански и предхристијански корени. Домаќините им даваат: паричиња, костени, ореви ...