Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, создал технологија која го претвора човековиот измет во електрична енергија, вода за пиење и прав. Тој самиот ја тестира технологијата.
Може да се рече дека фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ постигнала многу во решавањето на светските проблеми поврзани за здравјето и образованието. Веќе со години, тие работеле и на начин со кој може човековиот измет да се претвори во чиста вода за пиење, со што би се добило вода за пиење за уште повеќе од 2,5 милијарди луѓе ширум светот кои моментално немаат чиста вода за пиење.
Со оваа цел, истражувачите во фондацијата го создале биоенергетскиот омнипроцесор „Јаники“. Станува збор за технологија која го користи човековиот измет за да создаде електрична енергија, вода за пиење и прав за само неколку минути.
Секако, некој мора да го тестира новиот апарат и да докаже дека тој функционира добро. Кој е тоа во овој случај? Лично Бил Гејтс.