„Фејсбук“ почна да тестира нова алатка што треба да ни овозможи префрлување на фотографии и видеа од платформата на други сервиси како „Гугл фотос“. Алатката иницијално е пуштена во Ирска и ќе биде достапна низ светот во текот на првата половина од 2020 година.
- Повеќе од една деценија им овозможуваме на луѓето да ги преземаат нивните информации од „Фејсбук“. Алатката за трансфер на фотографиите е базирана на код развиен низ нашето учество во проектот за трансфер на податоци - изјави Стив Сатерфилд, директор за приватност и јавни политики на „Фејсбук“.
Овој проект вклучува учесници како „Епл“, „Гугл“, „Мајкрософт“, „Твитер“ и други компании. „Фејсбук“ вели дека првично почнува со „Гугл фотос“, но и други услуги ќе бидат вклучени во иднина.
Алатката треба да функционира слично како на таа што ни овозможува да преземеме фотографии и други податоци зачувани на „Фејсбук“. Оваа алатка ќе биде корисна за корисниците на „
Гугл фотос“ кои немаат автоматски бекап на сликите од нивните фотографии.