X
 12.08.2015 Технологија

Роботот со човечки рефлекси

Светот е создаден од луѓето и дизајниран за двоножни тела, способни за навигација низ светот, додека одржува рамнотежа на две несигурни нозе и манипулира со користење на рацете.

 

робот


Затоа, Институтот за технологија во Масачусетс го создава хуманоидниот робот наречен HERMES, управуван од страна на човекот со далечински управувач и со вградени рефлекси.

Кандидатот за докторат Жоао Рамос вели дека нивниот проект е „обид да се стави човечки мозок во внатрешноста на робот“. Роботот има раце со три прсти, кои можат да турат кафе и да здробат лименки.

Контролорите во рацете на човекот, ја контролираат раката на роботот, и камерата на главата на роботот веднаш му ја пренесува снимката на човекот, такашто човекот може да гледа преку главата на роботот исто како да е таму. Алберт Ванг, друг канидидат за докторат кој работи на HERMES, вели дека идната верзија на роботот ќе соедини автономна контрола со човечка интелигенција. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија