Малите бебиња не разбираат како формите кои ги гледаат се „преведуваат“ во физички концепти, па не можат да бидат измамени. Ова заинтригирало група научници. Тие им покажале на малите бебиња, на возраст од 5 до 8 години, илузија која успева да ги измами возрасните речиси секогаш. Бебињата не биле свесни за она што го гледале.
Но, научниците знаат дека новороденчињата на оваа возраст сакаат да гледаат во лица. Тие откриле дека бебињата на седум месеци претпочитале да гледаат конвексни лица, но ништо не докажувало дека тие не можат да препознаваат конкавни лица.
Поради ова, резултатите не се дефинитивни, но се интересни. Можеби навистина постои период кога сме имуни на оваа илузија, а откако ќе го научиме светот подобро, постојано дозволуваме да бидеме измамени.