X
 17.03.2018 Наука

Оптичка илузија може да помогне во дијагностицирање аутизам

Точното поставување дијагноза за спектар аутистични пореметувања може да биде предизвикувачко во случаи кои изгледаат како да се на границата. Преку забележување на начинот на кој зениците на лицето кое гледа колона од точки кои се менуваат се шири, специјалистите наскоро можеби ќе имаат уште еден индикатор кој ќе им помогне да утврдат на кој начин нечиј мозок е различен. Откритието доаѓа од тим истражувачи од Универзитетот во Пиза, Италија, кои утврдиле дека едноставна оптичка илузија може да се користи за објективно да се детектира како некои лица се фокусираат на деталите и ја испуштаат поголемата слика.


Фото: Science Alert

Спектарот на аутистични пореметувања опфаќа многу особини. Тие обично вклучуваат потешкотии во моторната контрола и процесирањето сензорски информации, што води до однесување како одбегнување на преголема стимулација или повторувачки движења. Комуникацијата и одоговарањето на социјалните знаци исто така може да биде предизвик, зголемувајќи се од потешкотии со прагматичните јазични вештини до тоа лицето целосно да не биде способно за вербална комуникација. Со толку многу различни начини на кои се демонстрира, а да не го споменуваме и фактот дека се препознава неколку години по раѓањето, знаците за аутизмот лесно може и да се пропуштат.

Имањето уште една алатка која прави јасна разлика, може да им помогне на специјалистите за аутизам да го дијагностицираат. Овој метод користи два слоја на точки во контрастни бои кои се движат во спротивни насоки. Разликата меѓу интерпретациите на илузијата зависи од тоа како ќе ги интерпретираме двата слоја. Ако ги гледате како одделни, вие сте фокусирани на една нијанса, па потоа на друга, гледајќи ги како различни детали на неповрзани сцени. Тоа е поглед кој е многу ориентиран на детали.

Но, кога мозокот ќе се насочи на поголемата слика и ќе ја препознае илузијата како единствен систем, една нијанса (најверојатно белата) се гледа како предната страна на точката која се движи низ колоната пред да се преврти и да се појави со другата страна (црната) во внатрешната страна.

Некои од нас се фокусираат повеќе на едната отколку на другата, но луѓето чии мозоци отсликуваат карактеристики поврзани со аутизмот, би требало да се пофокусирани на деталите. Истражувачите им ја покажале илузијата на 50 возрасни лица кои немале дијагноза за аутизам. Наместо да ги прашуваат испитаниците што виделе, истражувачите се фокусирале на нивните очи. Ако нивниот фокус бил на слоевите како одделни детали, нивните зеници трепереле додека се прилагодувале на двете различни нијанси на светлина. Потоа истражувачите тестирале волонтери за особини поврзани со аутизам користејќи самопријавен прашалник.

Иако анализата не била со намера да се даде дијагноза, им дозволила да ги поврзат нивните пронајдоци со мерењата користени за да се предвиди аутизам. Оние лица кои котирале повисоко на истражувањето покажале флуктуација на зениците, која сугерирала дека тие се фокусирале повеќе на деталите од илузијата, отколку на сликата на ротирачката колона.

Не е невообичаено да се користат илузии за да се провери што планира мозокот. На пример, тие биле истражувани како начин за тестирање на шизофренија. Треба уште време за да може ваквите тестови да станат пракса, но со оглед на тоа дека аутизмот често ја отежнува комуникацијата на луѓето, особено на малите деца, едноставно мерење на затреперената зеница може да биде нештото кое ќе помогне тие да ја добијат помошта која им е потребна.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука