Германски експерти велат дека начинот на кој ја гледате видеоилузијата со шуплива маска може да помогне во дијагностицирањето шизофренија.
Шизофренијата е тешка и долготрајна здравствена состојба поради која пациентите не се во состојба да ги разликуваат сопствените мисли од реалноста. Во видеото се гледа бела маска за лице која се врти. Научниците велат дека лицата со шизофренија не се измамени од оптичката илузија, додека другите се.
Кога се врти маската, повеќето луѓе го гледаат страничниот, празен дел од маската, кој започнува да се врти во спротивна насока. Носот почнува да изгледа како да е насочен кон надвор, иако е насочен кон внатре.
Меѓутоа, сите нема да ја гледаат илузијата на ист начин. Оние со шизофренија треба да ја гледаат шупливата страна од лицето каква што е. Тоа е така затоа што сензорното и концептуалното подрачје од нивниот мозок се поврзани различно и затоа тие се способни да го надминат она што очекуваат да го видат.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Twitter (printscreen)